Компанијата „Хенкел“ по повод 30 годишната работа во Хрватска ги претстави реновираните канцеларии во своето седиште во Загреб, кои се уредени според концептот „смарт ворк“.
Компанијата го одбележа јубилејот во друштво на соработниците, деловните партнери и колегите, а пред присутните се обрати претседателот на управата на „Хенкел“ – Хрватска, Марко Минтас.
„Хенкел“ и понатаму ќе биде силно присутен, водејќи ја индустријата напред. Како лидери ќе продолжиме и понатаму да иновираме и да развиваме одржливи решенија за идните генерации. Додека храбро чекориме кон иднината, нашата посветеност кон локалните заедници и глобалниот пазар останува непроменета. Им благодарам на сите вработени, тимовите и деловните партнери кои се дел од ова патување. Заедно да ја градиме подобрата иднина, изјави Минтас.
Минатата година компанијата со спојување на две поранешни деловни единици создаде нова единица под името „Консумер брендс“, која во една категорија ги обедини брендовите како Persil и Schwarzkopf. Од друга страна, постоечката единица за лепила и технологии е предводник на пазарот за лепила со брендовите Ceresit, Pattex, Loctite и други.
Од компанијата истакнуваат дека во следните години ќе настојуваат и понатаму да поставуваат високи цели и стандарди во иновациите, одржливоста и поддршка за заедниците.
Извор/Фото: „Хенкел“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.