Регион

Хрватска: „Подравка“ е наградена за својата Нутритивна стратегија

07 Jun 2024

Во рамките на форумот „Хеалтком“, кој се одржа во Загреб, на „Подравка“ ѝ е доделна награда за Нутритивната стратегија.

Компанијата ја доби наградата за кампањата „Храна која се грижи за вас“, која има за цел да ја подигне свеста на потрошувачите за важноста на здравата исхрана, како и да го сврти вниманието на напредокот на компанијата во имплементацијата на својата Нутритивна стратегија.

Од 2014 година до 2023 година, „Подравка“ во своите производи го намали уделот на сол за 350 тони, а на шеќер за 1.784 тони. Во просек, во категоријата на солени производи како супи, месни паштети, готова храна, (полу)трајни колбаси и леб, во просек се отстранети 17% сол, додека од категоријата слатки производи во просек се отстранети 30% шеќер.

Покрај тоа, компанијата разви и нормативи за храната во Основните училишта во Копривничко – крижевачката жупанија, што придонесе за унапредување и стандардизирање на храната во 18 училишта.

Од компанијата соопштуваат дека во следниот период ќе продолжат со спроведувањето на својата Нутритивна стратегија, која вклучува производи со мал удел на сол и додаден шеќер, кои ќе бидат обогатени со протеини, влакна, витамини и минерали, како и производи базирани на овошје, зеленчук, печурки, житарици и растителни извори на протенини.

 

 

 

Извор/Фото: „Подравка“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...