Компанијата „Лидл“ отвори уште два нови маркета во Србија и тоа уште еден во Белград во населбата Калуѓерица, на улицата Смедеревски пат, 39 и во Смедеревска Паланка на адресата Синѓеличева бр.13, кој е прв маркет на компанијата во овој град.
Со овие отворања компанијата ја прошири својата продажна мрежа на 72 локации во 41 град во Србија, а бројот на вработени се зголеми за околу 80 нови колеги и колешки, соопштуваат од компанијата.
Новите продавници на „Лилд“ на потрошувачите им донесоа и роденденски цени и попусти кои одат до 50% за корисниците на програмата за лојалност и апликацијата „Лилд плус“. Во маркетите се нуди свежо месо и риби, овошје и зеленчук, како и свежи пецива.
Задоволството на потрошувачите е секогаш наш прв приоритет во работењето и затоа денес сме исто возбудени како и кога ја отворавме првата продавница во Србија. Со ширењето на продажната мрежа се приближуваме до уште поголем број на купивачи и сакаме да ја оправдаме нивната доверба нудејќи им избран асортиман со проверен квалитет и по најповолни цени на пазарот, изјави Марија Којчиќ, од секторот за корпоративни комуникации во „Лидл“ – Србија.
Извор: Instore.rs
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.