Министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија, Томислав Момировоќ изјави дека трговската размена со Јапонија, минатата година изнесувала 330 милиони евра, а целта е во следните години таа да надмине над една милијарда евра годишно.
Во текот на првиот ден од официјалната посета на економските делагации на Србија во Јапонија, Момировиќ истакна дека порастот на трговската размена може да се постигне единствено ако се привлечат нови инвестиции од Јапонија.
Јапонските компании кои работат во Србија во последните седум – осум години инвестирале над 500 милиони евра, но може да се постигне и многу повеќе, истакна Момировиќ.
За време на посетата, државно – економската делегација на Србија одржала состаноци во министерството за надворешни работи на Јапонија, потоа во јапонската Организација за надворешна трговија, како и со претставниците на јапонската деловна заедница „Кеиндарен“.
Извор: Biznis.rs
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.