Регион

Романија: „Пени“ ја отвори првата автономна продавница (Видео)

04 Jun 2024

Германската компанија „Пени“ ја отвори својата прва автономна продавница во Романија, која ќе биде отворена 24 часа.

Продавницата се наоѓа во Букурешт, таа се протега на површина од 349 квадратни метри и во неа има асортиман од 2.400 производи.

Продажниот објект има 500 камери, 5.000 различни сензори и 200 единици за обработка на сликата, објави компанијата.

Паметните камери автоматски ќе ги препознаваат производите и ќе создаваат виртуелна кошничка, а се што треба да направат потрошувачите доколку не сакаат одреден производ е да го вратат на полицата. Продавницата не содржи благајна и не се потребни посебни инсталации на мобилните апликации, доволно е потрошувачите да платат само со картица.

Оваа продавница ја отелотворува нашата посветеност во подобрување на искуството во купувањето, брзиот пораст и дигитализиацијата. Возбудени сме што сме на врвот во малопродажните иновации во Романија и радосни сме со повратните информации за купувачите додека се приспособуваме на овој нов и возбудлив формат, изјави Даниел Грос, извршен директор на „Пени“ и на синџирот „Реве“ во Романија.

Извор: INB2B Media

Фото: „Пени“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...