Регион

Хрватска: Анте Праниќ е нов член на Управниот одбор на „Краш“

27 May 2024

Надзорниот одбор на „Краш“ го именува Анте Праниќ за нов член на Управата на компанијата со четиргодишен мандат, кој започнува од 1.јуни.

 Праниќ  во својот ресор ќе биде задолжен за инвестиции, одржување и корпоративна безбедност, како и за безбедноста на здравјето при работа.

 Во изминатите четири години, и покрај сите глобални предизвици, „Краш“ стави голем акцент на инвестициите во производствени капацитети, што е препознаено како основен предуслов за зајакнување на позицијата на кондиторски лидер во овие области. Во наредниот период планираме посилен и побрз напредок во насока на роботизација и автоматизација на производството и негова дигитализација, зголемување на енергетската ефикасност и натамошно подобрување на условите за работа. Исклучително сум благодарен за укажаната доверба и ќе ги вложам сите мои знаења и енергија за да ја оправдам. Заедно со моите колеги продолжувам да работам на зајакнување на „Краш“, на задоволство и благосостојба на сите, пред се на вработените и потрошувачите, но и на деловните партнери, акционерите и на локалната заедница, рече Праниќ.

 Праниќ е магистер по градежништво, а во 2021 година се приклучува во „Краш“, кога работел на развојот и реализиација на инвестициските проекти на сите три производни локации, Загреб, Осијек и Приједор.

 

Извор: InStore.hr

Фото: „Краш“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...