На шести јуни, „Лидл“ – Србија ќе отвори два нови маркети, во Белград и во Смедеревска Паланка.
Новата продавница во Белград ќе биде отворена во населбата Калуѓерица кај Смедервски пат бр. 39, додека продавницата во Смедеревска Паланка, која е и прва продавница на „Лидл“ во овој град, ќе биде отворена на улицата Синѓеличева бр.13.
Со отворањето на овие маркети, „Лидл“ – Србија ќе има вкупно 72 маркети низ Србија.
Со внимателно слушање на потребите на потрошувачите и во доменот на нашата политика за проширување, се трудиме да обезбедиме присуство таму каде што е најпотребно. Драго ни е што дојде моментот на потрошувачите во Калуѓерица и Смедеревска Паланка да им понудиме најдобар сооднос на цената со квалитетот и тоа токму во нивното соседство, изјави Марија Којчиќ од секторот за корпоративни комуникации во „Лидл“ - Србија.
Двете продавници се изградени во согласност со современите градежни принципи и со имплементација на одржливи решенија. На пример, повеќе од 30% од парцелата на продавницата во Калуѓерица опфаќа зеленило, а на паркингот пред продавницата се предвидени два електрични полначи кои потрошувачите ќе можат целосно да ги користат додека купуваат.
Покрај тоа, компанијата помогна и инвестира во делот од сообраќајната инфраструктура околу парцелата.
Во Смедеревска Паланка компанијата обезбеди пакет производи „бејби бокс“ за сите родители во овој град. Имено, сите мајки и новороденчиња, кои ќе пристигнат во светот во периодот од 6 до 13 јуни во Општата болница „Стефан Високи“, ќе добијат производи на „Лидл“ за нега и грижа.
При инвестицијата на „Лидл“ во продавниците во Калуѓерица и Смедеревска Паланка беше склучена соработка со околу 50 српски компании изведувачи и подизведувачи, а со отворањето на две нови продавници, тимот на вработени во „Лидл“- Србија ќе биде проширен за околу 80 лица.
Извор : InStore.rs
Фото: „Лидл“ - Србија
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.