Регион

Србија: „Нелт група“ и УНИЦЕФ во ново стратешко партнерство

16 May 2024

„Нелт група“ и УНИЦЕФ го претставија новото стратешко партнерство кое е насочено кон зајакнување на децата и младите во стекнувањето на компетенции за 21.век.

 Оваа иницијатива, во рамките на која  „Нелт“ ќе издвои 1,3 милиони американски долари во период од три години, претставува најобемна соработка досега меѓу УНИЦЕФ и компанија од Србија.

Тригодишното партнерство ќе се фокусира на зајакнување на образовните системи во Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Ангола во 2026 година, со цел да се обезбеди фер пристап до квалитетно образование и развој на вештини за секое дете, објави  компанијата.

Ние сме исклучително благодарни на „Нелт“ за нивната визија, доверба и желба да постигнат големи работи. Тие предводат со својот пример и  покажуваат како корпорациите можат да ја обликуваат иднината и да го направат светот подобро место, рече Дејана Костадинова, директорка на УНИЦЕФ во Србија.

 Групацијата „Нелт“ е посветена на создавање значајни промени во нашите заедници. Преку нашата соработка со УНИЦЕФ, стратешки инвестираме во зајакнувањето на децата и младите за основните вештини за 21 век. Тие им требаат за да го разберат нашето време, но и за да одговорат на растечките барања на пазарот на трудот. Ова партнерство треба да ги подготви за предизвиците кои ги очекуваат и да ја осигура нивната спремност на вистински начин да  ги искористат можностите кои им се нудат давајќи придонес како лидери на иднината, изјави Милош Јелиќ, извршен директор на „Нелт група“.

 Во Србија, 15.000 деца од 30 училишта ќе имаат корист од партнерството и тие ќе  бидат обучувани  со подобрени дигитални вештин кои се  клучни за нивниот иден успех. Во Северна Македонија, 500 студенти ќе стекнат искуство што ќе им помогне да ја подобрат нивната вработливост, додека повеќе од 8.100 студенти ќе стекнат „зелени“ вештини неопходни за одржлив развој. Во Босна и Херцеговина, повеќе од 5.000 студенти ќе ги развијат клучните вештини на 21 век што ќе ги подготват за предизвиците и можностите во иднината.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Нелт“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...