Регион

Словенија: „Хенкел“ донираше производи за погодените од поплавите

14 Sep 2023

„Хенкел Адриа“ донираше производи за граѓаните погодени од поплавите во Словенија, во кои се опфатени брендовите Persil, Weisser Riese, Somat, Pril и Schwarzkopf professional. Помош прати и „Фриц Хенкел фондација“, која во случаите на природни катастрофи ширум светот дава парична поддршка.  

Во овие тешки моменти, „Хенкел“ сака да изрази солидарност и поддршка. Донацијата е наш начин да ѝ помогнеме на заедницата. Драго ни е што имаме можност да помогнеме со нашите производи за да ѝ помогнеме на заедницата по брзо да заздрави по непогодата, изјави Анита Пениќ Кнеп, директорка за маркетинг во ХЦБ, „Хенкел“ - Словенија и „Хенкел“ - Хрватска. 

Производите од донацијата, вредна 215 илјади евра, беа предадени на Црвениот крст на Словенија, a 217.000 евра доби организацијата „Звезди пријатели на младите“.„Хаир профешионал“, деловната единица на „Хенкел“, на физерите во Словенија им донираше Schwarzkopf професионални производи во вредност од  20 илјади евра. 

 

Извор: InStore.hr
Фото: Henkel



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...