Вкупно во 1.600 фарми во Србија се потврдени 1.932 случаи на африканска свинска чума, од кои 1.575 свињи и угинаа, објави Министерството за земјоделство на Србија. На фармите е извршена еутаназија на 25.971 свињи со нештетно отстранување и е направена дезинфекција на просторот, се додава во соопштението.
Од почетокот на годинава, африканската свинска чума е потврдена кај 352 диви свињи на територијата на 25 општини во осум управни окрузи.
Досега се извршени 331.600 активни надзори и се испитани 44.257 примероци за присуство на болеста.
На фармите ќе им биде исплатен надомест за свињите кои угинале од африканска свинска чума.
Болеста беше дијагностицирана и во Романија, БиХ, Хрватска, Германија, Италија, Грција и кај диви свињи во Унгарија, Бугарија, Словачка и Чешка, со голем број жаришта.
Извор: Nova ekonomija
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.