Дрогеријата „dm дрогерие маркт“ – Хрватска ќе поддржи девет проекти за добросостојбата и здравје на жените вредни повеќе од 90.000 евра.
Во рамките на натпреварот „Заедно за подобро утре“ дрогеријата ќе набави опрема за неколку медицински установи. Горди сме на новите партнерства што ги изградивме преку овој натпревар и со тоа што ќе им помогнеме на жените - студентки, трудници, мајки, бездомнички и жртви на семејно насилство. Избрани се проекти што долгорочно ќе ја унапредат здравствената заштита на жените и ќе им ја дадат потребната поддршка во тешки животни периоди, соопштија од компанијата.
За натпреварот пристигнаа 181 пријава за проекти насочени кон поттикнување здрав начин на живот и превенција од болести што ги погодуваат жените и го унапредуваат нивното физичко и ментално здравје. Дрогеријата за реализација ги избра проектите то во најголема мера ќе придонесат за здравјето и благосостојбата на жените од сите возрасни групи.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.