Регион

„Атлантик група“ го купува „Штраус Aдриатик“

25 May 2023

Хрватската „Атлантик група“ предаде обврзувачка понуда за купување на компанијата „Штраус Aдриатик“, а „Штраус Aдриатик“ ја прифати понудата. Заклучувањето на трансакцијата претходно беше одобрено од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Вкупната вредност на понудата е 40,5 милиони евра, без долг и готовина. Оваа интеграција е важен придонес за растот на категоријата кафе во Србија и регионот, како и зајакнување на конкурентноста на регионалната индустрија за кафе и локални брендови, соопштија од „Атлантик група“. 

„Штраус“ е познат по брендовите Doncafe и C kafе, кои со аквизицијата би им се придружиле на регионалните брендови Grand kafе i Barcaffe. Заедно со брендовите на „Штраус“, „Атлантик група“ го презема и производствениот погон во Шимановци кај Белград, како и 220 работници. Плановите на компанијата се да направи значителни вложувања во развој на работењето со кафе, како во производството и во развој на технологијата, така и во развој на производното портфолио и комуникацијата на брендовите, во малопродажбата и во Хорека сегментот. 

Развојот на клучните производствени категории (кафе, чоколадо, деликатесни намази и безалкохолни пијалаци), органски и со аквизиција на силни брендови во тие категории, се темел на стратегијата за развој на компанијата. Последната аквизиција е важен чекор на патот кон реализацијата на оваа стратегија, како и нпридонес кон развој на категоријата кафе во Србија и во регионот, како и јакнење на конкурентноста на регионалната индустрија со кафе и на локалните брендови, велат од „Атлантик група“. 

Извор: InStore.hr
Фото: Atlantic Grupa



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...