„Студенац“, еден од водечките малопродажни синџири во Хрватска (воедно и синџир со најголем број продавници) го презеде синџирот „Страхињчица“, кој работи во 47 малопродажни објекти на подрачјето на Загорје и околината и има околу 200 вработени. Ова е синџир со традиција од 1947 година.
Новата аквизиција е продолжение на континуираниот раст што компанијата го остварува последните неколку години, а по минатогодишните аквизиции на „Пемо“ и „Лони“. Со ова преземање „Студенац“ ја потврди и својата позиција на синџир со најголем број продавници во ХРватска, вкупно 1.136 со аквизираните продажни места.
Следна фаза е интеграција на новиот синџир со „Страхињчица“ и ребрендирање на продавниците во „Студенац“ продавници и збогатување на асортиманот и воведување дополнителни услуги.
„Студенац“, со над 1.100 продавници и повеќе од 5.700 вработени, продолжува со својата деловна стратегија за раст и развој, со модернизација на деловните процеси и интеграција во локалната заедница за да се позиционира како најдобар избор во секое соседство нудејќи им на своите купувачи „и ситно и битно“, соопштија од компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.