Регион

Српската ракија „Бараба“ прогласена за најдобра во светот

09 May 2023

 

Ракијата „Бараба Лозовача“, произведена од „Подрум Палиќ“, е прогласена за најдобра на  International Wine Spirit Contest.

„Бараба Лозовача“ ја доби оцената „извонредна“ од натпреварувачкото жири, составено од 120 меѓународни судии на овој интернационален натпревар што се одржа во Лондон , со освоени 99 поени, додека „Подрум Палиќ“ освои уште пет медали на ова натпреварување.

Линијата ја креира македонскиот технолог Александар Рунчев Руни, додека заштитно лице на брендот е актерот Срѓан Жика Тодоровиќ.

На натпреварот во Лoндон учествуваа 4.100 примероци од 98 земји. Станува збор за престижен натпревар, многу ценето и помасовно од бројни светски натпревари за вино и жестоки пијалаци.

Високи оценки освоија и другите ракии од линијата „Бараба“ - „Бараба вилијамовка“ и „Бараба кајсија“ освоија злато со по 95 поени, со сребрена етикета и 92 поени се закити „Бараба слива“, а „Бараба дуња“ и „Вињак подрум Палиќ“ добија по 90 поени.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...