Регион

Црна Гора ја враќа работната недела во туристичка сезона

24 Apr 2023

Владата, работодавачите и синдикатите во Црна Гора, со учество и на претставниците од Управата за инспекциски работи, постигнаа компромис за привремен исклучок од забраната за работа во недела во трговијата, врз основа на член 35а од Законот за внатрешна трговија. Со тоа се овозможува големпродажбата и малопродажбата да работат и во недела во тек на летната и зимската туристичка сезона 2023/2024. 

Зa вработените во продавниците, во тек на туристичката сезона, неделата повеќе нема да биде неработен ден, како што беше досега. Сезоната го опфаќа периодот од 1 јуни до 31 август и од 1 декември до 31 јануари. 

Притоа, трговците кои ќе сакаат на тргуваат на наведениот начин, ќе можат да тргуваат само во еден продажен објект на територијата на една општина. Должни се најдоцна 15 дена пред почетокот на работата да ја известат инспекцијата за продажните простории во кои ќе се работи во тек на сезоната. Исто така, трговецот кој ќе работи во недела во сезона е должен да им овозможи на работниците да ја користат првата слободна сабота како слободен ден. Работниците кои работат во недела треба да добијат зголемен надомест во износ од 80 отсто за еден час. 

Извор: eKapija
Фото: Pixabay

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...