Агенцијата за заштита на конкуренцијата (АЗК) му одобри на „Меркатор“ - Црна Гора да ги купи маркетите „Франца“ и наложи купопродажниот договор да се реализира за 15 дена од неговото заклучување.
Усвоени се предлог мерки, услови и обврски што „Меркатор“ - Црна Гора мора да ги исполни за да со концентрацијата на пазарот не би ја спречила, ограничила или нарушила конкуренцијата. Трговецот е обврзан и во период од две години ја извествува АЗК ако дојде до преместување објекти, како и во период од пет години да известува за секое идно купување, преземање под закуп или отворање нови малопродажни објекти во градовите Колашин и Плужине.
Исто така, „Меркатор“ - Црна Гора има обврска и да во рок од две години ја известува Комисијата за заштита на конкуренцијата за реализираните просечни маржи во овие градови на квартално ниво на одредени категории намирници.
Во рамки на „Франца“ работат 69 маркети во речиси сите општини во Црна Гора. Најмногу ги има во Подгорица (13), во Будва (8) и во Бјело поље (7). Овие маркети беа основани во рамки на месната индустрија „Месо промет“ што започна да работи во 1990 година.
„Меркатор“ - Црна Гора од април 2021 година е дел од малопродажната мрежа на „Фортенова група“ која има 88,1 отсто сопственост во „Меркатор“, вработува 1.600 луѓе во 129 продавници во 19 општини.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.