Регион

БиХ: „Бинго“ поднесе барање за преземање на франшизата на „Мекдоналдс“

28 Feb 2023

„Мекдоналдс“ наскоро би можел да се врати во Босна и Херцеговина, а франшизата би можела да ја преземе трговскиот синџир „Бинго“.

Според информациите на медиумите, „Бинго“, најголемиот трговски синџир во БиХ, веќе поднел барање за преземање на франшизата.

Да потсетиме, по 11 години работа во Босна и Херцеговина, „Мекдоналдс“ ги затвори своите ресторани на почетокот на 2023 година. Седиштето на „Мекдоналдс“ ја одзеде лиценцата за синџирот во Босна и Херцеговина, а рестораните во Сараево и во Мостар се затворени поради заостанати кирии.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...