Нашите колеги од Србија и Хрватска, како дел од ИнСторе Медиа, и оваа година ги следат случувањата на саемот „Еурошоп Дизелдорф 2023“ во Германија, како единствена пријавена регионална новинарска екипа.
Од саемот, кој се одржува секоја трета година, од лице место во периодот од 26 февруари до 2 март ќе известуваат колегите Јелена Лазариќ, Аљоша Паротат и Максим Ѓуровиќ. Со тоа, читателите на ИнСторе во земјите од регионот ќе имаат можност секојдневно да ги следат случувањата од еден од најголемите FMCG саеми во светот. Централните теми на овогодинешниов самит се поврзани со малопродажбата, одржливоста, паметните продавници, управување со енергијата, потрошувачот во центар на вниманието и неговото искуство при купување.
фото: ИнСторе Медиа / Максим Ѓуровиќ
Како што извести организаторот, оваа година се очекуваат повеќе од 1.830 излагачи од 55 земји во светот, кои ќе ги претстават своите производи, иновации и работење на 103 квадратни метри простор во 16 изложбени сали.
Се проценува дека „Еурошоп Дизелдорф 2023“ ќе има над 100.000 учесници од целиот свет. Од регионот, ќе изложуваат 11 компании од Србија, 10 компании од Хрватска и пет компании од Македонија.
Повеќе фотографии од саемото можете да видите тука.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.