Регион

Србија: Свинското месо почна да поевтинува

24 Jan 2023

После повеќемесечни високи цени, свинското месо почна благо да поевтинува во продавниците во Србија. 

Трендот на намалување на откупните цени на свињите на сточните пазари беше воочен во средината на декември, а резултатот конечно може да се почувствува и во месарниците. Во еден од најголемите трговски синџири во Белград забележано е дека свинските кременадли од домашно производство се продаваат за 530 динари за килограм (265 денари). Во август минатата година државата го продолжи ограничувањето на цените на месото така што свинскиот бут во малопродажбата, на пример, не смееше да чини повеќе од 750 динари (375 денари). Оваа категорија месо вчера во супермаркетите можеше да се купи по 650 динари (325 денари) за килограм. 

Ова е потврда на тврдењата на познавачите на пазарот дека месото во Србија ќе почне да поевтинува непосредно по новогодишните празници. 

И на сточните пазари, цената на сињите паѓа во многу градови во Србија. Цената на свињите за одгледување, од 240 динари/килограм, падна на помалку од 200 динари, пренесува Политика.рс. 

Извор: Политика 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...