„Конзум“ ќе вложи повеќе од 13,2 милиони евра во ново зголемување на платите за вработените. Почнувајќи од јануари, повисоки плати ќе добијат повеќе од 9.000 вработени во малопродажбата, големопродажбата, логистиката и онлајн продавниците.
Покрај тоа, зголемен е и износот за додатоците за Божиќ, регресот и подароците за деца, како и за максимален износ за превоз, што е вкупна инвестиција од речиси милион ипол евра, соопштија од компанијата.
Свесни сме дека годината зад нас беше деловен предизвик и дека вработените во најголема мерка се заслужни за нашите резултати, а на нас како одговорен работодавач е да го препознаеме нивниот придонес и да им овозможи најдобри услови за работа. Затоа континуирано ги унапредуваме и ги зголемуваме правата и бенефициите за вработените и ги наградуваме кога имаме можност за тоа. Важно е да се истакне и квалитетниот дијалог со социјалните партнери во тек на целата година со кои заеднички ги договаравме условите што ќе ги почувствува секој вработен, а истовремено би биле во согласност со деловните планови и издвојувањата од буџетот, изјави Зоран Митрески, претседател на Управата на „Конзум“.
За потсетување, трговецот и во 2022 година вложи повеќе од 150 милиони куни во дополнителни надоместоци за вработените.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.