„Загребачка пивовара“ и оваа година, 33 пат по ред, претстави посебен, божиќен дизајн на Ožujskо пиво. Станува збор за традиција долга повеќе од 30 години со кои пиварницата со помош на познати хрватски уметници создава мали уметнички дела на своите етикети кои пак полека го зазедоа своето место во хрватската визуелна култура.
Етикетата ја потпиша Теа Јуришиќ, една од најперспективните хрватски уметнички од младата генерација.
Досега, свој придонес во украсубањето на божиќното пиво дадоа бројни уметници меѓу кои и Иван Лацковиќ Кроата, Мирослав Шутељ, Васко Липовац, Мирон Милиќ....
Уметничката Јуришиќ за новата етикета била инспирирана од нејзините најблиски - семејството. Мојата работа ги симболизира личностите со кои сум најмногу поврзана и кои најсрдечно ме поддржуваат во работата. За мене Божиќ е синоним за семејство, веселба и дружење и со овој омаж наздравувам за своите најдраги, изјави таа.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.