Македонија

Законот за нефер трговски практики стартува по Нова година, казните се околу 20.000 евра

25 Dec 2024

Законот за нефер трговски практики официјално стартува од 1 јануари 2025 година. Во перидот за мониторинг утврдени се 26 нефер трговски практики, а спрема тарифникот се внесени 2.546 префрлени земјоделски производи во овој Закон, изјави денеска заменик министерот за економија, Марјан Ристески во Штип.

Ристески посочи дека на подолг рок со овој Закон ќе имаме поголемо регулирање на цените на производите како краен ефект, односно во интерес на потрошувачите, купувачите и граѓаните, заштита на животниот стандард.

Од друга страна оној хаос кој постоел претходно и форсирање на странски производи во однос на домашните производи, тука ќе имаме изедначување во однос и пред се на маркетите. Деновиве се докомплетира КЗК со пет нови членови, коишто беа изгласани во Собранието на Република Македонија. Тие ќе бидат главниот контрол на сите овие договори. Договорите завршија до 28 септември, дадовме еден мониторинг период до 1 јануари, каде што ги пратиме сите случувања, кои се случуваат имаме различни дојави и одредени проблеми околу поврат на роба во маркетите, некаде дури се појавуваат и двојни ценовници имаме како информација, истакнува Ристески и додаде дека трговците и сите оние коишто ги склучуваат овие договори треба да внимаваат

Заменик министерот за економија посочи дека  укажуваат по Нова година казнените мерки се големи и треба да внимаваат трговците и сите оние коишто ги склучуваат овие договори.

Казните се некаде околу 20.000 евра, што не е малку како да речеме за нефер трговски практики, изјави Ристески.

 

Извор: Независен

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...