Две нови „Rosa школи за доење“ се отворија денес во рамки на општите болници во Струга и во Кавадарци, благодарение на донацијата од „Пивара Скопје“ и „Кока-кола“, преку брендот Rosa, а во соработка со Министерството за здравство. Целта на школите е да им помогне на младите родители во справување со предизвиците од нивните нови животни улоги. Во новите модерно опремени школи за доење во Струга и Кавадарци сите нови и идни мајки ќе добијат бесплатна стручна помош, совети и соодветна едукација за процесот на доење и за родителството воопшто.
Ова е дел од долгорочната иницијатива на Rosa за поддршка на новите родители, која од 2018 година се спроведува заедно со Министерството за здравство и во рамки на која досега се отворени 9 школи за родителство и 8 школи за доење во повеќе градови низ земјава.
„Пивара Скопје“ заедно со Министерството за здравство и во 2025 продолжува со оваа иницијатива, со цел унапредување, промоција и поддршка на доењето.
Исклучително сме горди што овој проект бележи успех уште од почетокот, со отворањето на првата школа во 2018, па сѐ до денес. Секое отворање нова Rosa школа за доење ни носи особена радост и како компанија, бидејќи токму тоа ја отсликува нашата посветена грижа и поддршка за правилна нега на најмалите и обезбедувањето неопходна едукација за новите родители, но и мене лично како родител кој ја разбира важноста на поддршката во таков чувствителен период, вели Душан Митрев, генерален директор на „Пивара Скопје“. Според него, оваа иницијатива има за цел да создаде здрави основи за идните генерации и е пример како со заедничка посветеност може да се поттикне културата на поддршка и солидарност во нашето општество.
Министерот за здравство д-р Арбен Таравари смета дека ваквите иницијативи се многу значајни, при што ја истакна одличната соработка со „Пивара Скопје“.
За реализација на овој проект и опремување и реновирање на просторот, „Пивара Скопје“ одвојува по 1 денар од секое продадено шише Rosa од 1,5 и 0,5 литри.
Rosa школите за доење и за родителство се клучен дел од заложбите на „Пивара Скопје“ за поддршка на заедницата. Овие школи претставуваат дел од пошироката стратегија на „Пивара Скопје“ за активно учество во унапредување на општественото здравје и благосостојба. Со посебен акцент на важноста на доењето и родителството, проектот има за цел да создаде долгорочен позитивен ефект врз заедницата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.