Регион

„Кауфланд“ ја обнови салата на Економскиот факултет во Загреб

14 Nov 2022

„Кауфланд“ ја обнови салата на Економскиот факултет во Загреб која денеска беше свечено отворена. 

Компанијата соработува со овој факултет од 2018 година кога инвестираше во изградба на зони за одмор и опуштање во рамки на факултетот. 

Низ соработка со факултетите ширум Хрватска, „Кауфланд“ организира разни предавања за студентите со желба да им овозможи да дојдат во контакт со деловната пракса во овој трговски синџир, за што можат да чујат од прва рака, од менаџментот и членовите на Управата. 

Горди сме што на младите можеме да им пружиме перспектива за почеток и развој на кариерата. Низ нашата програма за тренинг на студентите по завршување на факултетот им нудиме едногодишна платена пракса под стручно менторство на нашите менаџери и можност за продолжување на кариерата по завршувањето на програмата. Во Економскиот факултет во Загреб препознавме стратешки важен партнер и соработката ќе ја продолжиме бидејќи тука се кријат бројни таленти кои допрва треба да се откријат и кои за „Кауфланд“ значат вложување во иднината, изјави Дуња Фиршт, директорка за човечки ресурси во „Кауфланд“. 

Од факултетот, пак, изјавија дека студентите го препознаваат „Кауфланд“ како посакуван работодавач чија стручна пракса и тренинг - програма им овозможуваат на студентите врвни можности за развој. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...