Регион

„Лидл“ - Србија отстрани над еден тон отпад од Сава и Дунав

04 Oct 2022

Во акцијата за чистење што ја спроведе компанијата „Лидл“ - Србија во соработка со здружението „Со тапа до насмевка“ и „Едриличарскиот клуб Ада“, неодамна од бреговите на Сава и на Дунав беа отстранети 1,2 тон отпад. Со цел едукација на новите генерации за одговорен однос кон отпадот, се одржаа и 5 работилници со над 400 деца од предучилишна и училишна возраст.

За време на чистењето на бреговите на реките Сава и Дунав, „Лидл“ - Србија и нејзините партнери собраа 1,2 тон отпад, од кои повеќето е комунален отпад со тежина од околу 1 тон. Дополнително, собрано е најмногу стакло, потоа ПЕТ-амбалажа и некои лименки.

Многу е важно да ја заштитиме нашата земја и да им обезбедиме на новите генерации подобро место за живеење. Со едукација на најмладите и поставување примери на добра практика, можеме да влијаеме одговорното управување со отпад да донесе подобро утре, изјави Мартина Петровиќ, раководител на корпоративни комуникации во „Лидл“ - Србија.

„Лидл“ - Србија, заедно со своите партнери, организира и обуки во „Едриличарскиот клуб Ада“ и четири различни предучилишни и училишни институции за влијанието на пластиката врз животната средина и важноста на нејзиното одговорно отстранување на одредените места. На работилниците имаше вкупно околу 400 деца.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...