Регион

ДИС најави намалување на потрошувачката на електрична енергија

29 Aug 2022

Компанијата ДИС одлучи да ја намали потрошувачката на електрична енергија од 1 септември. Оваа одлука ќе важи и за потрошувачката на електрична енергија во административните згради и за сите малопродажни објекти. 

Како компанија која секогаш ги става потребите на општеството пред комерцијалните, ДИС донесе одлука која ќе има за цел да му помогне на енергетскиот систем на нашата земја, пред предизвиците што не очекуваат сите, се вели во соопштението.

Ќе се заштеди на дел од декоративното осветлување, како и на сите останати осветлување чие исклучување од системот нема да ја загрози безбедноста на објектите. Менаџментот на компанијата ќе ја применува оваа одлука се додека не дојде до стабилизирање на снабдувањето со електрична енергија во регионот.

Компанијата ДИС, како и досега, во ситуации кои беа предизвик за нашата земја, ќе обезбеди поддршка за одлуките на Владата на Република Србија од општо значење за населението и ќе даде пример за општествено одговорен бизнис. Ги повикуваме сите наши партнери и други компании во Србија да го сторат истото, изјави Иван Шулеиќ, генерален директор на ДИС.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...