Регион

„Бинго“ е најпрофитабилен трговски синџир во БиХ

03 Jun 2022

Петте најголеми трговски синџири во БиХ лани оствариле профит од 86,9 милиони евра, а најмногу заработил „Бинго“, кој деловната година ја завршил со плус 43 милиони евра.

Според анализата на босанскиот портал „Капитал“, финансиските извештаи на „Бинго“, ФИС, „Конзум“, „Фрукта-трејд“ и „Робот“ покажуваат дека овие компании лани го зголемиле профитот во споредба со претходната година.

Имено, нивната вкупна заработка во годината на короната, кога беа воведени рестрикции и заклучувања поради пандемијата, е помала за 34,2 милиони евра во споредба со 2021 година и изнесува 51,1 милион евра.

Бројките јасно покажуваат дека тузланското „Бинго“ заработило најмногу минатата година, кога се нормализираа деловните услови. Овој малопродажен синџир, кој вработува 7.921 работник, лани заработил 43 милиони евра, а приходот на компанијата бил 715,8 милиони евра.

Добивката на компанијата на Сенад Џамбиќ скокна за 19,2 милиони евра за само една година, а бројот на работници се зголеми за 276 во споредба со 2020 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...