Регион

Од почетокот на годината месото во Црна Гора поскапе до 60 отсто

25 Mar 2022

Цените на свежото месо од почетокот на годинава се зголемени за 30 до 60 отсто, во зависност од видот, велат најголемите црногорски производители и преработувачи на месо.

Свинското месо е најскапо, а е најувезено, бидејќи неговото производство во Црна Гора е занемарливо.

Поскапувањето го предизвика и војната во Украина, поради која скокнаа цените на житариците, нафтата и енергенсите, но и поради големото поскапување на сточната храна претходната и почетокот на оваа година.

Директорот и сопственик на „Мартекс“ од Цетиње, Драган Мартиновиќ, изјави дека увозот на свинско месо е зголемен за 70 до 80%. Компанијата „Мартекс“, која произведува сувомеснати производи, свинското месо го набавува од Германија, Холандија и од Шпанија.

Ѓорѓиjе Горановиќ, директор и сопственик на Месната индустрија „Горановиќ“ изјави дека од почетокот на годинава цените на сите видови месо се зголемени за 30 до 60%.

Говедското, телешкото и јагнешкото месо поскапеа за 35 отсто пред два-три месеци и меѓу пет и десет отсто пред неколку дена, изјави Хилмија Франца, сопственик и директор на „Месопромет“, нагласувајќи дека овие видови месо исклучиво се од нивните погони и кооперативни фарми.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...