Фабриката за производство на чипс во општина Туза, Црна Гора, ќе почне со работа во март следната година додека опремувањето за првиот погон во халата која е веќе завршена ќе почне во јануари, соопшти Министерството за земјоделство и шумарство.
После тоа, продолжува реализацијата на оваа инвестиција и покренување на останатите погони на новоосновата компанија „Монтегро чипс“.
По тој повод, се состанаа повеќе од 60 производители на компир од централниот дел на Црна Гора. Тие го анализираа производството на компир во државата и разговараа за моделите на идна соработка и можностите за унапредување на оваа област.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.