„Конзум“ го презеде истарскиот трговски синџир „Мираколо“, по што од 2 октомври отвори уште 13 свои продавници во Истра.
Досегашните 55 вработени во „Мираколо“ ќе бидат распоредени на нови работни места, како дел од малопродажниот тим на „Конзум“.
Одлично е чувството повторно да се биде во оваа улога. Преземањето на „Мираколо“ е само една од низата добри вести од „Конзум“ оваа година во која бележиме многу добри резултати, имаме сјајна сезона и сме клучни носители на интеграциските процеси во малопродажбата на “Фортенова“ групацијата. Новите 13 продавници се нашата нова сила во Истра каде сега имаме над 100 продавници. Таквата позиција го засилува „Конзум“, но што е уште поважно, обезбедува квалитетно и сигурно снабдување, особено во туристичката сезона, изјави Зоран Митрески, претседател на Управата на „Конзум“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.