Регион

За 56 отсто се зголеми побарувачката на работници во Србија

13 Aug 2021

И покрај ситуацијата со пандемијата во првите седум месеци од 2021 година, пазарот на трудот во Србија доживеа вистинска експанзија. Само во овој период, имаше зголемена побарувачка за дополнителен персонал за 56 отсто во споредба со 2020 година, и во споредба со 2019 година за 30 отсто, објави страницата за вработување „Послови инфостуд“. 

Во првата половина од годината објавени се 36.573 огласи за работа, што е за 13.000 повеќе можности отколку во претходната година. Најголем дел од огласите беа во областите: трговија / продажба, ИТ, машинство, електротехника, администрација, но и во области како што се магацини, угостителство, подготовка на храна и градежништво. Списокот на позиции кои најлесно се вработувале вклучува продавачи, возачи, комерцијалисти, телефонски оператори и административни работници, а средното образование е потребно во дури 60 отсто од огласите за работа. Од друга страна, за оние кои завршиле средно, факултет или магистратура, биле наменети речиси 40 отсто од огласите.

Според „Послови инфостуд“ во првите седум месеци од 2021 година, вкупниот број на луѓе кои ја барале својата прва или нова работа преку нивната страница достигна бројка од 173.342 кандидати, што е зголемување за 12 отсто во споредба со претходната година.

Зголемувањето или намалувањето на побарувачката зависи и од периодите во годината. Поточно, во последните неколку години се забележува зголемување на побарувачката и бројот на апликации на страницата во пролетните и есенските периоди, додека од друга страна има пад во летните и зимските месеци. За споредба, падот во летната и зимската сезона е до 25 отсто во однос на пролетните и есенските месеци.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...