Регион

„Атлантик“ склучи договор со „Бери Калебаут“

14 Jul 2021

Загребска „Атлантик група“ склопи договор  за соработка со „Бери Калебаут“ од Цирих, водечкиот светски производител на висококвалитетни производи од чоколадо и какао, со кој ќе се унапреди производството во асортиманот на чоколадо под брендот Atlantic Štark.

Договорот е склучен со рок до 2023 година, со можност истиот да се продолжи. Од „Атлантик“ изјавија дека договорот ја потврдува насоката кон понатамошен развој на главните брендови на „Атлантик“ во клучните категории.  

Станува збор за прв договор во Јадранскиот регион со кој на основа на повеќе облици на соработка се воспоставува стратешко партнерство со новата фабрика на „Бери Калебаут“ во Нови Сад за слатката програма на Atlantic Štark. „Бери Калебаут“ располага со мрежа од од повеќе од 60 фабрики ширум светот, е компанија „трендмејкер“ и иноватор која континуирано работи на развој на следните генерации производи. 

Фабриката во Нови Сад ќе се позиционира како центар за испорака на суровини за сите кондитори од Србија и регионален центар со кој со чоколадо ќе се снабдуваат пазарите на југоисточна, средна и западна Европа. 

„Бери Калебаут“ во последната фискална година оствари продажба од околу 6,4 милијарди евра и повеќе од 400 милиони евра нето добивка. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...