Регион

„Студенац“ го презеде трговскиот синџир „Буре трговина“

04 Jun 2021

„Студенац“ потпиша договор за купување 100% удел од „Буре трговина“, малопродажен синџир кој работи со 29 продавници во округот Задар и вработува 120 работници.

Според компанијата, ова е продолжение на континуираниот пораст и подобрување на бизнисот што „Студенац“ го постигнуваше во последниве години, а со тоа ја зајакнуваше својата водечка позиција на Јадранот, но и позицијата на еден од водечките трговски синџири во Хрватска.

Во периодот на пандемија, која го зафати целиот пазар, јас сум исклучително задоволен што „Студенац“, и покрај предизвиците со кои се соочуваме сите, ги постигнува своите деловни цели и продолжува да го шири и развива својот бизнис. Со приклучување на „Буре трговина“, нашата цел е да ја зачуваме вредноста што компанијата ја претставува за своите потрошувачи, изјави Михал Сенчук, извршен директор на „Студенац“.

Во наредниот период ќе се изврши интеграција на преземените продавници, што вклучува нивна реорганизација, збогатување на асортиманот и воведување многу други поволности за потрошувачите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...