Регион

Србија се затвора од утре

16 Mar 2021

Во Србија од утре до понеделник се воведуваат мерките кои важеа за викендите, односно целосно заклучување, а исклуок ќе бидат само продавниците за прехрамбени продукти, аптеките и бензинските пумпи само за точење на гориво. 

Премиерката Ана Брнабиќ најави дека ова ќе важи најмалку до понеделник, но засега нема да се воведува полициски час.

Државните институции продолжуваат со работа, како и градинките, банките и поштите.

Ова е компромисно решение. Мерките се остри, но ќе траат само пет дена, иако Кризниот штаб побара да траат две недели. Дали мерките ќе бидат продолжени и после понеделник, зависи од сите нас, кажа Брнабиќ.

Во Србија секојдневно се зголемува бројката на новозаразени со коронавирус, иако досега 791.000 граѓани примиле две дози од вакцината.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...