Кризниот штаб на владата на Србија одлучи за викендот што претстои да биде затворено сѐ на цела на територија на државата, освен продавниците со храна, аптеките и бензинските пумпи.
Ова на прес-конференција по седницата го соопшти покраинскиот секретар за здравство, Зоран Гојковиќ.
Што се однесува до следната недела, Гојковиќ рече дека продолжува онлајн наставата во средните училишта, а во соработка со Министерството за образование, и учениците од петто до осмо одделение ќе бидат префрлени на часови на далечина.
Учениците од пониските одделенија во основните училишта, пак, ќе продолжат со наставата како и досега.
Оваа викенд-мерка е слична на минатонеделната кога, поради верскиот празник, затворањето на сите објекти, освен тие за храна, аптеките и бензинските пумпи, беше од сабота напладне.
За медицинскиот дел од Кризниот штаб овие мерки се недоволни и бараат затворање на кафеаните во текот на целата недела поради растечкиот број на новозаразени кои во последно време се движат меѓу 3.000 и 4. 000 дневно
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.