Регион

„Фортенова“ доби одобрение за концентрацијата на „Меркатор“-Србија

09 Mar 2021
Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Србија ја одобри намерата на „Фортенова“ да се здобие со контрола врз „Меркатор“ и на српскиот пазар.
 
Со оваа одлука на српската комисија, групацијата „Фортенова“ целосно ги исполни регулаторните предуслови за добивање одобрение за намерата за концентрација на „Меркатор“. Групацијата требаше да добие одобрение од надлежните национални регулаторни тела за заштита на пазарната конкуренција на сите територии каде што беше потребно - Србија, Босна и Херцеговина , Црна Гора и Македонија.
 
Исто така, со одобрување на концентрацијата од страна на Европската комисија, овој предуслов е задоволен за целата територија на Европската Унија.
 
Оваа одлука отстрани уште една формална пречка за реализација на трансферот на „Меркатор“ во „Фортенова“, што ја очекуваме на крајот од март 2021 година. Трансферот на акции од „Агрокор“ во „Фортенова“ ќе ни овозможи да ја консолидираме и понатаму да ја развиваме нашата регионална малопродажна мрежа, изјави Фабрис Перушко, извршен директор на групацијата, коментирајќи ја одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Србија.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...