Компанијата „Бинго“ од Тузла ја презеде мнозинската сопственост во Институтот за информатички технологии Сараево (ИНИТ).
„Бинго“ стана сопственик на 83,2 проценти од акциите на ИНИТ, кои претходно беа во сопственост на групацијата „Фортенова“, според податоците од регистарот на хартии од вредност на Федерацијата БиХ. Малопродажниот синџир купи 14.546 акции, за кои плати
3,34 милиони евра.
ИНИТ има шест сопственици, покрај „Бинго“, тој е контролиран и од физички лица. Активноста на ИНИТ е обработка на податоци, хостинг-услуги, веб-страници итн.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.