Од „Дон Дон“ планираат да продадат 10 милиони крофни оваа година, за кои главни пазари се Словенија и Хрватска, а сè повеќе се извезуваат во Србија, Босна и Херцеговина и во Бугарија.
Групацијата, освен во споменатите пазари, најави дека планира да го шири работењето во Романија, Грција и во Северна Македонија. „Дон Дон“ успешно ја заврши деловната година, минатата година беа произведени 113.500 тони пекарски производи во сите производни погони - два во Словенија, по еден во Хрватска и Црна Гора и дванаесет погони и две мелници во Србија.
Приходите се во согласност со планот, кој е приспособен на негативните ефекти од ковид-кризата.
Летото, со смирување и подобрување на епидемиолошката состојба се вративме во нашиот нормален опсег, што значи 45 тони леб и пекарски производи на ден. Со есенското влошување и владините мерки, пекарите што ја снабдуваат угостителската индустрија и образовните институции повторно изгубија дел од нивниот пазар. Нешто поголеми отстапувања се забележуваат во продажбата на сендвичи, каде што најголем пад има во продажниот сегмент, изјавија од компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.