Македонија

Секој може да биде газда за 1 евро

24 сеп 2020

Ќе се воведе нов тип друштво со ограничена одговорност – „Поедноставено друштво со ограничена одговорност – ПДОО“, со основна главнина од 1 евро, кое ќе биде под посебен режим за финансиско работење, пишува „Слободен печат“. 

Граѓаните што се бизнис настроени, а немаат доволно капитал (5.000 евра), наскоро ќе можат да основаат претпријатие за само 1 евро. За да нема забуна во деловните контакти, овие трговски друштва ќе имаат определена, видно обележана ознака, за секој што ќе соработува со нив, да знае дека се основани со 1 евро.

Предлог-законот за трговски друштва е во собраниска процедура уште од крајот на минатата година, но поради техничката влада и изборите, не дојде на ред за гласање. Очекувањата од оваа можност се и да се намали сивата економија. Направена е и компаративна анализа со хрватското законодавство кај правото на трговските друштва, при што е утврдено дека постои можност за инкорпорирање на оваа владина мерка во Законот за ТД, во одредбите што го регулираат Друштвото со ограничена одговорност.

Со предлог-законот се воведува нов тип друштво со ограничена одговорност – „Поедноставено друштво со ограничена одговорност – ПДОО“. Друштвото може да има најмногу до тројца основачи физички лица, од кои еден е управител, односно член на органот на управување. Со оглед на тоа што станува збор за друштво со основна главнина од 1 евро, се предлага воведување посебен режим за финансиско работење во однос на располагање со добивката, како и обезбедување и располагање со задолжителната резерва на друштвото, појаснуваат од Министерството за економија.

Процедурата за основање фирма во државава е прилично едноставна, со посета на еден шалтер за регистрирање компанија во Централниот регистар, но и преку 28 електронски интегрирани канцеларии. Странските компании можат да регистрираат компании и по електронски пат. Времето за регистрирање компанија е 4 часа, иако може да потрае до два работни дена. Фирма има право да регистрира единствено регистрационен агент, овластен од Централен регистар. Минимален основачки капитал на друштвото е 5.000 евра или соодветен износ во денарска противвредност или како непаричен влог во еквивалент на истиот износ. Можност постои за уплата на основачкиот капитал во рок од една година како паричен или непаричен влог.

Поголеми глоби за поголемите трговци

Со предлог-законот за ТД, микро и малите трговци ќе добијат помали глоби, но се зголемуваат казните за големите и средни трговци. Воедно, значително се намалува износот на глобата за членови на орган на управување во акционерските друштва. Со бришење на членот 552-б од Законот за ТД, ќе се укине двојното санкционирање на трговските субјекти за недоставување годишна сметка и финансиски извештаи за последната деловна година до последниот работен ден од тековната година, но на сила  остануваат прекршочните одредби за трговскиот субјект и одговорното лице, како и  привремена мерка забрана за вршење дејност.

Извор: Слободен печат 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Американската амсадорка Брнз во посета на „Алкалоид“

15 окт 2020

„Пакомак“ организира акција за собирање стакло

15 окт 2020

„Кожувчанка“ донира апарат за чистење на Нефролошкиот оддел на Детска клиника

15 окт 2020

УЈП излезе со бројки за „Викенд без ДДВ“

15 окт 2020

„Жито Лукс“ со донација за Црвен крст го одбележува Светскиот ден за борба против гладот

15 окт 2020

Одобрена поддршка од 53,4 милиони евра за инвестициите на 49 компании

15 окт 2020
Вчитува уште новости...