Македонија

Македонија со најдобра бизнис клима во регионот

09 Jul 2020

Република Северна Македонија има најповолна бизнис клима во регионот, а исто така во однос на другите земји има помалку фискални ризици. Ова, како што соопштува Министерството за финансии, се главните поенти за нашата земја во извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за Западен Балкан насловен „Government at a glance: Western Balkans 2020″.

Во извештајот, како што стои во соопштението, се нотира дека земјава е регионален лидер во обезбедување поволна бизнис клима и има подобри резултати во однос на просекот на земјите од ОЕЦД и од просекот на земјите на ОЕЦД кои се членки на ЕУ.

Исто така, се наведува дека од сите земји од Западен Балкан многу поретко се вклучуваат во дијалог со приватниот сектор, со исклучок на Република Северна Македонија, која одржува дијалози на редовна основа.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...