Македонија

„Кока-кола“ и „Пивара Скопје“ обезбедија донација

08 May 2020

Клиниката за инфективни болести во Скопје ги доби неопходните материјали што како донација ги обезбедија Фондацијата на „Кока-кола“ и „Пивара Скопје“ преку Црвениот крст.

Донацијата е дел од активностите со кои годинава, под мотото „Сите сме црвени“, се одбележува 8 Мај – Светскиот ден на Црвениот крст и на Црвена полумесечина. Воедно, денес е и роденден на „Кока-кола“.

Во услови на зголемена фреквенција на пациенти, денешната донација е само уште еден позитивен пример за солидарност, општествена одговорност и поттик за меѓусебна помош и поддршка во услови на пандемија, изјави Сузана Тунева-Пауновска, секретар на Црвен крст на Скопје.

Донираните материјали за Инфективната клиника се дел од листата на приоритетни потреби на Министерството за здравство во борбата со пандемијата на Ковид-19.

Горди сме што имаме можност да помогнеме тогаш, кога е потребно. Тоа е дел од нашата компаниска култура, која е насочена кон потребите и интересите на заедницата. Упатувам голема благодарност на сите вработени и волонтери на Црвениот крст за нивната огромна посветеност и работа, а воедно и до целокупниот медицински персонал што се грижи за здравјето на пациентите со Ковид-19, изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации на „Пивара Скопје“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...