Македонија

(ФОТО)Солун 53: Никој нема да остане без основните продукти

18 мар 2020

Гевгелискиот трговец „Солун 53“ на фејсбук-страницата објави дека има стабилни залихи за следните 45-60 дена и апелира до потрошувачите да не пазаруваат панично.

Постојано сме во контакт и со институциите што ги спроведуваат мерките и со нашите доставувачи. Со сите напори се трудиме да обезбедиме стабилно снабдување со основни прехранбени производи за нашите потрошувачи, се наведува на објавата на „Солун 53“.

Нагласуваат дека во моментот имаат стабилни залихи за следните 45-60дена. Освен тоа, известуваат и дека „Интерглобус лебопекара ММ“ има обезбедено залихи од брашно за производство на леб за следните 60 дена.

Апелираме дека не е потребно панично пазарување. Преземени се потребните мерки за заштита преку обезбедување, со што ќе биде лимитиран бројот на купувачи. Во објектот се означени растојанијата меѓу потрошувачите на каса. Ги уверуваме потрошувачите дека во ниту еден момент во следниот период, никој нема да остане без основните продукти, ниту пак ќе престане производството на леб, пишува на постот на „Солун 53“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...