Македонија

АМЕРИТ бара да се укинат патарините за камиони и автобуси

18 Mar 2020

СИЗ „Македонија сообраќај“ – АМЕРИТ бара укинување на патарините за превозниците во товарниот и во автобускиот сообраќај, поради загубите предизвикани од кризата со коронавирусот.

Од минатата недела бројот на патници е намален за 70%, а автобуските линии се редуцирани за 52%. Бараме од Владата итно да донесе мерка за укинување на патарините, затоа што нашите превозници оперираат секојдневно со намален број патници, изјави Лефтер Андонов, директор на АМЕРИТ на денешната прес-конференција.

Toj апелира возачите во товарниот транспорт да ги почитуваат препораките за мини-карантин при транизитирање, додавајќи дека потврди за возачите кои транзитират издава АМЕРИТ во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...