Македонија

„Бимилк“, „Алкалоид“, „Пивара Скопје“ донираат за граѓаните од Дебар и Центар Жупа

18 Mar 2020

Млеко, млечни производи, месо, овошје и зеленчук, лекови и производи за хигиена, како помош за жителите од Дебар и Центар Жупа доаѓаат од македонскиот бизнис-сектор.

„Бимилк“, „Алкалоид“, „Пивара Скопје“ се дел од компаниите кои заедно со Црвениот крст организираат конвои со хуманитарна помош во кризните подрачја.

Пријатно нè изненадува бизнис-секторот во државава. „Бимилк“, „Алкалоид“, „Пивара Скопје“, Лотарија на Македонија, приватни месарници и ресторани, се јавија самоиницијативно да помогнат. Тоа е за поздравување и пример за другите компании. Потребна е солидарност од сите сектори за граѓаните на Дебар и Центар Жупа, за полесно да ги поминат овие денови, вели Сузана Тунева Пауновска секретар од Црвениот крст на Град Скопје.

Во општините Дебар и Центар Жупа има околу 25.000 жители, кои откако е прогласена кризна состојба, се целосно затворени во карантин којшто е прв прогласен од појавата на коронавирусот во државата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...