Македонија

„Пивара Скопје“ доби нова А-интегрирана еколошка дозвола

23 Jan 2020

Министерството за животна средина и просторно планирање ѝ додели на „Пивара Скопје“ нова А-интегрирана еколошка дозвола со важност во наредните седум години.

Со овој документ се потврдуваат дополнителните вложувања и одржувањето на највисоко ниво на контролата на можно влијание на компанијата врз животната средина. Со новата еколошка дозвола се опфатени и проценети сите измени во инфраструктурата и технолошките процеси кои „Пивара Скопје“ ги има направено во периодот од добивањето на претходната еколошка дозвола, издадена во август 2012-та година, до денес.

Ние сме целосно свесни за придонесот што го имаме и што можеме да го дадеме за обезбедување почиста животна средина и затоа како компанија имаме интегриран пристап и си поставуваме цели и еколошки таргети кои во одредени сегменти ги надминуваат дури и барањата од домашното законодавство во оваа област. За нивно исполнување од големо значење се посветеноста на сите вработени, нашите интензивни вложувања, како и огромната поддршка и лидерство од групациите Coca-Cola HBC и HEINEKEN каде припаѓа нашата компанија, изјави Дан Тимотин, генерален директор на „Пивара Скопје“.

Раководејќи се од глобалните определби за заштита на животната средина и одржлив развој, дефинирани од групацијата Coca-Cola HBC за периодот до 2025 година, „Пивара Скопје“ ќе работи на тоа целокупната амбалажа што се употребува да може да се рециклира, а истовремено поголемиот дел од пластиката што се користи во производството да потекнува од рециклирана ПЕТ-амбалажа. Компанијата си постави и амбициозна цел континуирано да го зголемува својот придонес во собирањето на отпадот од пакување што се врши преку системот во кој учествува и првата специјализирана компанија за управување со отпад од пакување – „Пакомак“, каде „Пивара Скопје“ е еден од основачите и обезбедува континуирана поддршка за нејзиното функционирање.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...