Македонија

„Роса школо за родителство“ се отвори и во Струмица

19 Dec 2019

Во ЈЗУ „Здравствен дом Струмица“ вчера  се отвори „Роса школо за родители“, донација од „Пивара Скопје“ и компанијата „Кока кола“, а во партнерство со Министерството за здравство.

Ова „Роса“ школо е всушност четврто досега отворено од почетокот на проектот во 2018 година, а до крајот на годинава ќе бидат отворени уште две, во Општата болница во Охрид и во Општата болница во Куманово.

Драго ми е што овој проект вистински живее, а уште повеќе што „Роса школите“ се одлично прифатени ширум земјава. Од името на „Пивара Скопје“, искрено благодарам што Министерството за здравство сесрдно ја поддржува нашата мисија за чинење добросостојба за целата заедница. Ни претстои отворање на уште две школи годинава, а со Меморандумот се обврзуваме на уште три до крајот на 2020 г., со цел на што повеќе семејства да им ги овозможиме бенефитите од овие бесплатни работилници. Во меѓувреме, ги поканувам сите трудници од Струмица и членовите од нивните потесни семејства да се пријавуваат за обуките и да ја посетуваат „Роса школата“ во нивниот град, изјави Катерина Хаџи-Ангелеска-Начевска од „Пивара Скопје“.

Целта на „Роса“ школите е новите родители да се едуцираат како да се справат со предизвиците, но и да се поддржат во првите денови од родителството. Обуките опфаќаат повеќе корисни теми како здрава нега во бременоста, психофизичка подготовка за породување, доење, нега на новороденчето, родителство итн. 

Како Министерство за здравство навистина ја согледавме потребата од ваков облик на групни здравствено-едукативни работилници во Здравствениот дом во Струмица и во оваа прилика би сакал да ја поздравам одлуката на „Пивара Скопје“ за продолжување на проектот и во нови градови. Ние обезбедуваме експертска помош и стручен кадар од лекари специјалисти кои работат во овие школи и убеден сум дека струмичани ќе имаат вистински бенефит за сите прашања врзани со родителството. Родителството се учи. Да им овозможиме одговорно и успешно родителство на сите идни родители, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Средствата за „Роса“ школите се собрани преку кампања во која за оваа намена се издвојуваше по 1 денар од секое продадено шише вода „Роса“ од 1,5 л.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...