Македонија

„Пивара Скопје“ донираше паркиралиште за велосипеди во Кавадарци

29 Nov 2019

Во рамките на платформата за промоција на велосипедската култура, „Пивара Скопје“ донираше уште едно паркиралиште за велосипеди, овој пат во Кавадарци, кое е лоцирано кај спортскиот центар „Јасмин“ во овој град.

Долгогодишна заложба на „Пивара Скопје“ е вложување во заедницата во која делуваме. Верувам дека со оваа донација наменета за жителите на општина Кавадарци, ние како „Пивара Скопје“ ќе дадеме свој придонес во промоција на рекреативниот и урбаниот велосипедизам како начин на живот, но и во подигање на свеста за велосипедот како енергетски најефикасен градски транспорт, со цел поголема заштита на животната средина, изјави Дан Тимотин, генерален директор на „Пивара Скопје“. 

На локацијата во Кавадарци поставен е пар од СКОПСКО и СКОПСКО Smooth паркиралиште, во облик на препознатливото шише на СКОПСКО.

Досега „Пивара Скопје“ постави вкупно 11 СКОПСКО и Coca-Cola паркиралишта за велоспеди, на различни локации ширум земјава.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...