Се формира Македонско-швајцарски бизнис-клуб со поддршка на Амбасадата на Швајцарија и Сојузот на стопански комори на Македонија. Со свои обраќања пред присутните компании членови основачи на бизнис-клубот, претседателката на Сојузот, Данела Арсовска, и заменик-амбасадорот на Швајцарија, Стефан Томаџан, го означија почетокот на работа на Македонско-швајцарскиот бизнис-клуб и дадоа посебен акцент на заложбите, целите и придобивките од формирањето на клубот.
За претседател на бизнис-клубот избранa е Јасминка Талеска, директор на швајцарската компанија „Новартис“.
Креирањето на македонско швајцарскиот бизнис клуб, покрај тоа што ќе отвори безброј врати и можности за членовите, ќе придонесе и за вмрежување на илјадници компании, изградба и зајакнување на односи, взаемна промоција на истите и многу други придобивки. Како пазар да претставуваме цел, за влез и работа на компаниите од Швајцарија е примарна цел и од истата ќе имаат бенефит двете страни, изјави Талеска.
Претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска, истакна дека бизнис клубот се формира како резултат на потребата и потенцијал за зголемување на деловната соработка и на бројот на компании од Швајцарија кои работат во нашата земја.
Постои голем потенцијал за натамошно унапредување на можностите за соработка меѓу компаниите од двете земји. Целта на формирањето е пред се да ја зголемиме соработката. Обединувајќи ги компаниите кои се со швајцарски капитал и компаниите од Сојузот кои имаат интерес за соработка, веруваме дека ќе делуваме кон зголемување на трговската размена која според статистичките податоци минатата година изнесуваше 105 милиони евра, со остварен извоз од 40 милиони евра и увоз од 65 милиони евра, рече Арсовска.
Моментално над 40 компании се со 100 отстотен швајцарски капитал или дистрибуираат проиводи или услуги од Швајцарија на македонскиот пазар.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.