Македонија

Еминентни говорници на FMCG Summit Скопје 2019

24 апр 2019

Во пресрет на најголемиот трговски настан – FMCG Summit Скопје 2019 што ќе се одржи на 16 мај во хотелот „Александар палас" во Скопје, ви претставуваме уште четворица од еминентните говорници: 

Драгиша Ристовски, основач и директор на „Гилберт центар груп“, Србија. Тој ќе ја презентира темата „Продажбата не е избор, продажбата е егзистенција“ и ќе зборува за новите продажни пристапи, за креирање позитивно влијание врз купувачите и за начините како продажбата да стане поатрактивна.

Никола Бароли, генерален директор на „Орбико“ - Македонија. Со предавањето „Развој на вработените = развој на компаниите“ ќе даде увид во начинот на кој „Орбико“ го организира процесот на едукација на вработените.

Тине Крачун, директор на Институт за стратешки решенија од Словенија, ќе зборува за предизвиците и за предностите за малопродажбата во ЕУ, но и за тоа како малопродажбата се приспособува на новите услови, презентирајќи примери од други европски земји.

Дејан Ваневски, менаџер на дистрибуција на кондиторските производи „Марс“, Македонија, Албанија и Косово, преку презентацијата „Партнерски модел на бизнис планирање“ ќе ги претстави основните постулати на градењето партнерски бизнис во регионот.

Кликнете на линкот за да ги видите и останатите говорници на FMCG Summit 2019.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...