„Млекара Здравје“ успешно го имплементираше престижниот глобално препознатлив IFS интернационален стандард за квалитет и безбедност на производството, соопштија од компанијата.
Тоа значи потврда за стандардизирани процеси на производство, под строги лабораториски контроли, во сите фази на производство, со елиминирање на евентуални можни неусогласености.
Млекара Здравје е пример за компанија со визија, која веќе 20 години се носи со сите предизвици, и која континуирано се прилагодува на новите трендови и потреби на современите потрошувачи. Компанија која и покрај сите иновации и модернизации се труди да го зачува традиционалниот начин на производство и добро познатиот вкус и квалитет на производите. Со овој сертификат се создаваат услови за зголемен извоз, и поголем пласман на ЕУ пазарите, изјави Кристина Камчева Стојческа, извршна директорка на „Млекара Здравје“.
Со имплементацијата на овој стандард се отвораат можности на „Млекара Здравје“ за влез на високо конкурентните пазари, а пред се пристап кон големите европски синџири маркети.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.